Српски интернационалец како засилување за Пелистер ???

Пелистер е заинтересиран во своите редови да го донесе поранешниот играч на Фк Вождовац Дејан Миловановиќ. Станува збор за играч од средината на теренот, кој на 157 натпревари има постигнато 17 голови. Миловановиќ има настапувано за француски Ленс, белградска Црвена Ѕвезда, додека последен клуб му бил белградски  Вождовац. Проблем може да биде висината на платата која би ја побарал Миловановиќ,  поради тоа што не е само Пелистер заинтересиран за него. Младост Лучани и ОФК Белград се заинтересиран за поранешната звезда на српскиот фубал. Исто така како потенцијално засилување се споменува нигерискиот напаѓач Олуфеми кој веќе три години е без ангажман, а последен клуб му бил швајцарскиот Локарно.

Leave a comment